Розева манија: Калтрина или Маријана – Која е поубава „Барби“ според вас?

Девојките низ светот ги преплавија социјалните мрежи во розова боја. Барби манијата е во тек!

По најавата на новиот холивудски филм „Барби“ во кој убавата актерка Маргот Роби ја има главната улога на Барби, а Рајан Гослинг на Кен, светот влезе во розовиот свет.

Голем број жени се облекоа во препознатливите розови тонови на Барбара-Барби. Компаниите и за актуелните кампањи максимално ја користат магијата на розовото.

Ким Кардашијан во последните објави во реклама за пијалок, целата е облечена во розова боја.

Не останаат покуси и Македонките. Па така , ако го отворите инстаграм деновиве обавезно ќе налетатае на некоја девојка преправена во Барби.

Меѓу нашите познати личности водителката и модел Марјана Станојковска беше дел од програмата на премиерата на филмот во „Синеплекс“ која се случи на 20 јули.

Декорациите во знакот на Барби го привлекоа вниманието, но и нашата вистинска Барби одлично се снајде во улогата.

И популарната инфлуенсерка Калтрина Круезиу Балаш, влезе во розовиот свет и објави потсетување од некои постари фотографии кога таа била во улогата на Барби.

Оваа атрактивна русокоса професорка по солфеж и диригирање во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ и мејкап артист ги има сите предиспозиции на Барби.

Филмот за култната кукла ја издиктира и модата за лето 2023 година, па така на излозите од бутиците ќе забележите како доминираат парчињата на Барби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e