Ријана стана мајка на девојче

Ријана и нејзиниот партнер A$AP Rocky станаа родители по втор пат. Како што пишуваат тамошните медиуми Рири роди девојче, а мајката и бебето се добри и одмараат во својот дом во Лос Анџелес.

Пејачката од Барбадос ја објави својата втора бременост во февруари на годинешниов Супербол.

Бебето наводно личи на нејзината мајка, па дури ги има наследено и прекрасните светли очи на Ријана.

Ѕвездата, која неодамна претстави и своја линија на трудничка облека, веќе е мајка на момче кое со нејзиниот партнер го добија во мај минатата година.

Ријана и Роки го криеја синчето подолго време, сè додека не го покажаа на TikTok, за кратко потоа да се појават сите тројца во британскиот Вог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e