Ријана сподели семејни фотографии – еве како се вика помалиот син

Ријана конечно, преку серија семејни фотографии, го потврди раѓањето на своето второ дете со раперот АСАП Роки.

Таа на својот син му го дала името „Riot Rose“ (Рајот), а на фотографиите бебето е облечено во розов комбинезон и розово капче. Имено, Ријана со второто дете се породила на 1 август.

Постариот син на Риза (RZA) на фотографиите е облечен во пантолони и моторџиска кожена јакна „Harley-Davidson“,пејачката носела тексас јакна и темни хеланки, а раперот останал верен на својот стил – широки панталони, кошула и синџир.

Дека сака необични имиња, Ријана потврди со изборот на име за својот постар син кога му го дадоа за име прекарот на Роберт Фицџералд Дигс, познатиот рапер и водач на кланот Ву Танг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e