Ријана позира во калуѓерска мантија со црвен кармин и длабоко деколте, а вели дека е верничка

Ријана на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира за насловната страница на магазинот Interview облечена како калуѓерка.

Пејачката позира во калуѓерска мантија со црвен кармин и длабоко деколте, а глетката ги налути фановите.


„Ова не е во ред“, „Ја сакам Ријана, но не ја разбирам опсесијата со сексуализирани религиозни претстави“, „Зарем ова не е богохулство?“, „Зошто не ја почитуваш религијата?“ и „Девојко, јас сум атеист, но и за мене ова е премногу“, се само дел од коментарите.

Инаку, Ријана во претходните интервјуа објасни дека е христијанка и дека односот со Бог ѝ помогнал да се справи со славата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e