Ријана со нов имиџ – ја скрати косата и сега е русокоса

Ријана го промени имиџот.

Пејачката е фотографирана во Санта Моника додека одела на состанок, а многумина изненадила менувајќи го својот изглед. Таа драстично ја скрати косата и ја обои во жолта.

69а - Copy 2

На папарацо фотографиите таа не ја тргна насмевката од лицето, а се фотографираше во широка маица, сако и предимензионирани фармерки. Таа се уште не ја покажала својата нова фризура на социјалните мрежи, каде се уште има фотографии и видеа од неа со темна долга коса.

Pixie cut, односно фризурата што сега ја има Ријана е еден од најпопуларните трендови за убавина оваа сезона.

Во последните недели Ријана се посвети на својот бренд Fenty Beauty. Во јануари лансираше нов производ, унисекс балсам за усни, а главна ѕвезда на кампањата беше нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки, со кого пејачката има два сина – РЗА Ателстон и Рајот Роуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e