Публиката повраќаше од новиот филм на Деми Мур

Новиот филм на Деми Мур, The Substance, ја шокираше публиката во кината, а додека некои излегоа по само неколку минути, имаше и такви кои повраќаа по проекцијата.

Филмот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а гледачите ги споделија своите впечатоци. Имаше и такви кои признаа дека не можат да престанат да размислуваат за него, а други раскажуваа како повраќале по проекциите.

„Најмалку 20 луѓе излегоа од проекцијата на Лестер Сквер пред крајот. Беше брутално. Повеќето луѓе го гледаа низ прсти. Тоа беше најексплицитниот филм што некогаш сум го гледал“, рече еден гледач од Лондон.

Во The Substance, Деми Мур ја игра Елизабет Спаркл, остарена славна личност која користи дрога за да создаде помлада верзија на себе, која ја игра ќерката на Енди Мекдауел, 29-годишната Маргарет Квали.
„Кога го прочитав сценариото си помислив, леле, ова може да биде навистина неверојатно – или може да биде катастрофа. Па, секако, морав да кажам да“, изјави Мур претходно за нејзината улога.

Таа го спореди искуството со нејзината улога во Ghost, додавајќи:

„Чувствувам дека Ghost е многу сличен, но мислам дека кога сме исфрлени од нашата комфорна зона и нешто нè плаши, тоа секогаш прави да се чувствуваме малку подобро. Дури и ако не успее“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e