Кејт, принцезата од Велс, објави дека завршила со хемотерапијата и дека ракот со кој се бореше го нема, пишува The Guardian.
Таа додаде дека во наредните месеци повторно ќе почне да се појавува во јавност.
Принцезата изјави дека ѝ олеснало кога завршил последниот циклус на превентивна хемотерапија и дека изминатите неколку месеци биле доста тешки и страшни за неа и нејзиното семејство.
-Сè ќе направам да не се врати ракот. Иако завршив со хемотерапија, мојот пат до целосно закрепнување е долг и секој ден морам да се носам со тоа што доаѓа – вели принцезата од Велс во видеото кое во понеделникот го објави палатата Кенсингтон.
Принцезата од Велс во март годинава објави дека ѝ е дијагностициран рак. Во понеделникот, Кенсингтонската палата не соопшти точно за каков вид на рак станува збор или каква е точно хемотерапијата што ја примала.