Пријовиќ закажа 5. концерт во Загреб, ќе заработи скоро 3 милиони евра

Популарната пејачка Александра Пријовиќ објави дека го закажала и петтиот концерт во арената во Загреб.

Пејачката по четири распродадени Арени во Загреб, закажа и петта. Како што ги информирала своите фанови преку Инстаграм, на 6 декември ќе го одржи својот петти солистички концерт во главниот град на Хрватска. Александра затоа ќе настапи во оваа сала на 1, 2, 3, 4 и 6 декември и ќе собере вкупно речиси 90.000 фанови.

Во медиумските кругови веќе се шпекулира за вртоглавата заработка на пејачката која и покрај бројните трошоци за концерти ќе профитира и од нив. Само од концертите во Загреб, српската пејачка за четири концерти ќе заработи минимум 2.225.000 евра, а доколку се распродаде и петтиот, сумата ќе изнесува нешто повеќе од 2.780.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e