Пејачката Александра Пријовиќ вечерва го одржува првиот солистички концерт од трите закажани во Старк Арена. На нејзиниот концерт пристигнаа голем број познати личности меѓу кои: Светлана Цеца Ражнатовиќ, Игор Паниќ попознат како Нучи, Сузана Јовановиќ, Милица Јокиќ, Маја Беровиќ, како и многу други.
Пејачката го отвори својот концерт со својот прв голем хит наречен „За нас касно е“, по што почна да плаче и се сврте кон мајка си.
-Мамо, се сеќаваш ли кога пред 15 години поминавме покрај Арената за прв пат и кога ти кажав како би сакала еден ден да пеам овде. Тогаш изгледаше многу далечно, но погледни ме сега. Мамо, знам дека и ти плачеш, низ солзи рекла пејачката.
Таа блескаше во прекрасен жолт фустан со кристали, кој одлично и прилегаше, а освен што го истакна бујното деколте, Александра имаше и длабок шлиц.