Познатата македонска водителка го кажа судбоносното „да“ на познатиот диџеј, на зајдисонце во Занзибар

Познатата македонска водителка Ведрана Ѓорѓевиќ му го кажа судбоносното „да“ на својот долгогодишен партнер Андрија Антиќ од Србија, во јавноста попознат како диџеј Ендрју Милер.

Андреј jа запроси својата сакана во Занзибар, а моментот којшто го овековечиле со фотографија е навистина романтичен поради тоа што се случил на зајдисонце.

Парот среќната вест ја споделил на социјалната мрежа Инстаграм, а под неа има опис:

„Кога ќе ја најдеш сродната душа, само е прашање на време“.


Инаку, Ведрана и Андреј веќе подолго време уживаат на Занзибар откако периодов имаа патувања низ цела Европа поради настапите на диџејот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e