Позната српска пејачка Мина хоспитализирана во психијатриска болница

По веста дека српската пејачка Мина Костиќ е хоспитализирана во психијатриската болница „Лаза Лазаревиќ“, за медиумите се огласи и нејзината сестра Биза.

Таа изјавила дека во моментов нема никакви информации за состојбата на пејачката.

„Не знам ништо, немам никакви информации за тоа. Болна сум, настината сум и сум кај роднините на сопругот. Не се сеќавам кога последен пат сме се слушнале или виделе. Не стигнувам, работам во градинка“, изјавила таа за „Блиц“.

Според претходните информации објавени во српските медиуми, Мина Костиќ била примена во болницата со полициска придружба, а потоа и задржана на лекување.

Медиумите наведуваат дека пејачката наводно покажувала знаци на агресивно однесување. Исто така, се тврди дека ден претходно побарала лекарска помош во Ургентниот центар, но подоцна самоволно ја напуштила здравствената установа.

Според неофицијални информации, лекарите уште минатата година предложиле нејзина хоспитализација поради хронични здравствени проблеми, но таа тогаш ја одбила препораката.

По приемот во болницата, Костиќ ги поминала неопходните прегледи, по што било проценето дека ѝ е потребна континуирана опсервација и стручна медицинска помош.

Засега не е познато колку долго ќе остане на лекување, а од болницата не изнесуваат детали поради заштита на приватноста на пациентката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e