Потресна исповед на Синан Сакиќ за својот син Рашид: Четири куршуми му испукаа во грбот…

Популарниот српски турбофолк пејач, Синан Сакиќ, кој почина во 2018 година, во текот на животот даде само една голема исповед за својот син Рашид Сакиќ. Рашид завчера почина во затвор, а семејството е во шок од неочекуваната смрт на само 45 годишна возраст.

Во интервју од 2017 година, Синан призна, како што секогаш искрено кажуваше се, дека само еднаш го посетил Рашид во затвор. Тешко му беше што неговиот син беше осуден на 12 години за убиството на Драгољуб Деспотовиќ во Лозница во мај 2002 година.

Вдовицата на Синан, Сабина, поднела кривична пријава против Рашид, откако претходно ги пријавила наводните закани што Рашид ѝ ги упатувал.

Синан му рекол на синот Рашид дека во затворот ќе му испрати се што му треба, но дека нема да дојде повеќе таму. И така и било. Не го посетувал воопшто.

Нему четири куршуми му се испукани во грбот, и тој се бранеше, па пукаше и тој. А тоа никој жив не го спомна во животот! Никој жив, никогаш…а четири куршуми му се испукани во грбот. И ден денес, наркоманот кој се лечи од хероин, се шета слободно по улиците, а тоа дете јас го сакав како него. Ќе му купев на мојот тренерка, ќе му купев и нему тернерка, на едниот патики, на другиот исто. Тоа се деца кои спиеја заедно, тие не можеа еден без друг, ниту една секунда не беа одвоени – ја започнал приказната своевремено Синан кој објаснил како дошло до пукањето.

Синан не го посетил синот во болница, а во затвор го посетил само еднаш.

Не отидов во болница, а не бев зашто ми беше жал. Ми беше жал зашто спиеја заедно, не можеа еден без друг…како можеше тоа да се случи? И потоа си реков ‘не, јас ни во сон не одам таму’. Јас го посетив само еднаш во животот во затвор, само еднаш! Му реков ‘ти знаеш колку јас тебе и него ве сакав. Секој нека го носи својот товар, а јас тука нема да постојам. Ако нешто ти затреба, јас ќе ти го дадам, ќе ти го испратам, но јас веќе нема да доаѓам“, раскажал своевремено во интервју Синан Сакиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e