Постигнете успех следејќи ги советите од Опра Винфри

Пoзнатата телевизиска водителка ги открива тајните за тоа како да успеете во животот и ја постигнете саканата цел

1. Секогаш стремете се кон совршенство
„Одлуката да бидете совршени започнува со поврзување на своите мисли и зборови со намерата од себе да очекувате повеќе“.
Овде Опра вели дека ако сакамме да сме успешни, мораме себеси да се натераме секогаш да го даваме максимумот. Вообичаеното вложување минимален труд за да завршиме одредена работа нема да нѐодведе далеку. Треба да се стремиме кон совршенство и да се трудиме да го дадеме најдоброто од себе.

2. Учете од неуспехот
„Јас не верувам во неуспех. Ако уживате во патување, неуспех не постои“.
Успешните луѓе учат од своите неуспеси, неуспешните луѓе страдаат поради нив и ги користат како изговор за откажување. Опра вели дека трба да уживате во патувањето кон целта, без разлика на исходот. И успехот и неуспехот се подеднакво добри учители и ве прават подобра личност.

3. Успехот не е крајната цел
„Она што со сигурност го знам е дека ако сакате успех, тој не смее да ви биде цел. Немојте да се оптоварувате со тоа да станете успешни, туку потрудете се да направите нешто важно, а успехот сам ќе дојде“.
Успехот сам по себе никогаш не е добра цел. На крај нема да направите ништо ако целото свое внимание и енергија ги насочите кон мислите за успехот. Енергијата треба да ја насочите кон своето дејствување.

Останатите совети прочитајте ги ТУКА!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e