Почнав да вежбам за да ја изгубам анкциозноста и да се тргнам од телефонот – Адел откри како дошла до совршена фигура

Прекрасната фитнес трансформација на Адел воодушеви многумина во 2020 година кога пејачката објави фотографија од нејзината витка линија на својот Инстаграм.

Додека некои беа скептични за тоа како таа се справува со тоа, Адел објасни дека нејзиното слабеење се должи на нејзината непоколеблива посветеност на урамнотежена исхрана и тренинг за сила.

Во интервју за британскиот Vogue, Адел изјави: „Јас вежбам за сила наутро, потоа обично одам на планинарење или бокс попладне, а потоа вежбам кардио навечер“.


View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele)

Таа објасни дека нејзиниот главен фокус бил да го подобри нејзиното ментално здравје преку редовно вежбање што случајно резултирало со губење на тежината, но тоа не била нејзината примарна цел.

“Почнав поради мојата анксиозност. Со вежбање би се чувствувала подобро. Никогаш не се работеше за слабеење, важно ми беше да станам силна и секој ден да поминувам сѐ помалку време на мојот мобилен телефон”, открила таа.

Таа исто така нагласи дека имала помош од тренер и признала дека тоа можеби не е изводливо за многу луѓе.

Дополнително, таа ги демантира гласините дека пробала периодично постење или диетата Сиртфуд.
“Луѓето зборуваат за моето тело веќе 12 години. Тие зборуваа за тоа и пред да ослабам. Но, не ми е грижа”, тврди Адел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e