Почина познатиот хрватски инфлуенсер Марко

На 31-годишна возраст почина познатиот хрватски инфлуенсер Марко Бабиќ, а од него се простија членовите на семејството.

“Патувај, наше момче. Скршен, но горд што бев со тебе на ова патување”, напишаа најблиските на неговиот Инстаграм профил и додадоа: “Тој беше најдобриот татко, партнер, син, брат и пријател. Те сакаме засекогаш”.

Семејството на Марко Бабиќ се огласи на Инстаграм и ги замоли сите да го паметат како личност која им помагала на луѓето кои се соочиле со дијагнозата.

– Бараме медиумите да го опишат Марк како архитект, автор, бестселер, експерт за маркетинг, но и како личност која во последните две години им помогнала на многу луѓе кои наишле на дијагноза.

Марко се бори со рак од 2021 година. Неговата партнерка Тина Билоглав неодамна објави дека Марко не е добро и дека ги исцрпиле сите можности за лекување во Загреб.

Пред неколку месеци инфлуенсерот изјави дека болеста му се проширила, а потоа кажа дека го контактираат луѓе кои исто така боледуваат од истата болест.

“Се обидувам да ги поддржам. Среќен сум што понекогаш можам да бидам мало запче на нечиј пат кон здравјето. Покрај тоа, неколку пати сум поврзувал луѓе со болеста со тимот што ме лекува”, рече тој.

Марко никогаш не попушташе и беше многу оптимист. “Знам дека на крајот ќе бидам здрав. Знам дека на крајот ќе бидам подобра верзија од себе. Знам дека на крајот ќе бидам бескрајно побогат поради искуството што ќе го живеам”, рекол тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e