Почина легендарната музичка ѕвезда Шинејд О’Конор

По долгогодишна битка со менталното здравје, денеска почина музичката легенда Шинејд О’Конор.

Почина 18 месеци по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн. Ирската музичка легенда со светска слава се стекна во 1990 година, со обработката на песната „Nothing Compares To You“.

Шинејд О’Koнор беше родена на 8 декември, 1966 година во Даблин. Израсната е во проблематично семејство. Во подоцнежните години од животот на јавноста и призна дека имала проблеми со менталното здравје, бидејќи била физички и сексуално злоставувана од сопствената мајка, додека била дете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e