По низата мажи со кои ја поврзуваа конечно Шакира се „скраси“ покрај познатиот рапер

Според извори за Дејли Мејл, 46-годишната пејачка и десет години помладиот рапер ја напуштиле забавата во ситните ноќни часови, со само неколку минути разлика. Иако не ја напуштиле забавата заедно, Шакира изгледала прилично среќно додека заминувала, а краткиот временски интервал меѓу нивните заминувања, ги подгреаја гласините за нова врска.

Од нејзиното бурно раскинување со Жерар Пике, со кого има два сина, името на Шакира постојано се поврзува со познати мажи. Така почнаа порано гласините за наводната врска со Формула 1 возачот Луис Хамилтон, но и оние дека познатиот актер Том Круз „фрлил око“ на неа.

И додека славната Колумбијка одвреме навреме ја поврзуваат со нов маж, нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике станува сѐ посериозен во врската со Клара Чија Марти, со која неодамна почна да живее заедно, во куќата каде Шакира живеела откако се преселила во Шпанија, додека била бремена со нивниот прв син.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e