Пејач починал од струен удар откако прегрнал обожавател во мокра маица

Бразилскиот пејач Аирес Сасаки почина на 36-годишна возраст за време на концерт во Салинополис, Бразил.

Имено, на настапот му пришол обожавател и го гушнал. Но, кошулата на обожавателот била влажна, поради што дошло до струен удар, а Аирес веднаш починал, пренесува „Сан“.

И покрај тоа што членовите на неговото семејство изјавија дека нема да се јават додека не заврши истрагата, неговата тетка Рита Матос се огласи.

„Она што го знаеме е дека неговото шоу беше закажано за одредено време и беше преместено. Контактираме со луѓето кои беа со него во тој момент за да дознаеме што се случило. Сите информации ќе ги соопштиме во соопштение што ќе го испратиме до пресот“, изјавила таа.

Се јавија и од хотелот Солар, каде Аирес го одржа својот последен концерт.

„Ние сме целосно посветени да му дадеме поддршка на неговото семејство и да ги преземеме потребните мерки, соработуваме со надлежните органи со цел соодветно расветлување на настанот“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e