Овој неверојатен здрав напиток Кејт Мидлтон го консумира секој ден – еве зошто е толку здрав

Принцезата Кејт Мидлтон има посебен оброк со свој потпис којшто го консумира секој ден.

Станува збор за смути кое го пие наутро. Според извори од кралскиот дворец, во него се наоѓа спирулина, спанаќ, кељ, мача, коријандер и боровница.

„Ова смути е преполно со антиоксиданти кои се борат против оштетување на предизвиканите слободни радикали, а тоа се токсини кои ни го нарушуваат природниот сјај на кожата“, изјавила поранешната нутриционистка на кралското семејство Џенифер Ханвеј.

Доколку веќе не сте запознаени со таа состојка, спирулината е вид алга која се нарекува суперхрана благодарение на големата концентрација антиоксиданти, витамин Б, магнезиум и други хранливи материи.

Мачата е зелен кофеински прав, направен од лисја зелен чај. Освен кофеин таа е богата со антиоксиданти и аминокиселини, а се поврзува со намалениот ризик од болести на црниот дроб и кардиоваскуларни проблеми, наведува „Healthline“.

Останатите состојки се овошје и зеленчук кои обезбедуваат голема доза антиоксиданти и микронутриенти како витамин А, Ц, К, фолати и магнезиум.

Ханвеј нагласила дека кај ваквото зелено смути проблематичен е вкусот, но тој може да се подобри доколку му се додаде малку путер од јаткасти плодови или некој друг вид овошје кое може да помогне да се избалансира горчината која напитокот ја има поради зелениот зеленчук.

Според порталот „Wales Online“ принцезата покрај смути консумира и една порција овесни снегулки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e