Опра Винфри – на 69 години ослабе 20 килограми и се покажа на црвениот килим

Опра Винфри оваа среда ја покажа својата витка фигура на ревијата на Луј Витон, организиран во Италија, а кога се појави, многумина мораа да погледнат неколку пати за да се уверат дека тоа е таа – 69-годишната водителка прочуена низ светот.
Облечена во бел костум, кој вклучуваше кошула од туника и панталони со широки ногавици, Опра го истакна својот струк со црн појас, а колку слабеењето ѝ даде самодоверба може да се види од нејзиното позирање на црвениот килим.
Никогаш не криела дека се бори со вишокот килограми, но дури сега успеала да го направи она за што сонувала цел живот. Како што откри, во текот на минатата година решила целосно да ги ресетира сите навики кои ги имала дотогаш.


Ги променила прехранбените навики, но и повторно ја презела контролата врз својот живот. Во најлошиот период од животот на Опра Винфри стигнала до бројката од 107 килограми, а овој пат се одлучи за програма за слабеење, со која веќе во една прилика ослабе повеќе од 20 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e