Огњен Амиџиќ доби второ дете

Водителот на емисијата „Амиџи шоу“, Огњен Амиџиќ стана татко по втор пат, откако се породи неговата сопруга Мина.

Како што пренесуваат медиумите, породувањето поминало добро и поубавата половина на Огњен, Мина, родила прекрасно момче.

Бебето добило највисоки оценки при раѓањето.

Да потсетиме, Мина и Огњен соработуваа неколку месеци во шоуто Амиџи шоу, а љубовта „избувна“ неочекувано. Тие извесен период ја криеја својата врска. Мина набрзо се најде во блажена состојба и се повлече од јавноста поради бременоста. Тие тајно се венчаа и си се ветија на вечна љубов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e