Објавени номинациите за Златен глобус: Џокер, Чернобил и Анистон во трка

Драмата на Нетфликс „Marriage Story“ доби најмногу, шест, номинации за Златен глобус, а потоа следат филмовите „Irishman“, кој исто така се прикажува на Нетфликс и „Once Upon A Time In Hollywood“ на тарантино, додека Џокер освои четири номинции.

Филмот на Ное Баумбака „Marriage Story“ е современа студија за случај на брачните води спакована во жанровско флуидно поле на проповедање. Топлината и милината на два монолози во кои партнерите се претставуваат еден со друг и она што најмногу го сакаат кај своите сакани-несакани половини – потсеќа на непријателски став во ординацијата на брачниот советник. Никол и Чарли повеќе не комуницираат бидејќи таа сака едно, а тој мисли дека се договориле за нешто друго. Всушност, никогаш не разговарале што сакаат.

Церемонијата на доделувањето на Златните глобуси која често е индикатор за тоа како ќе поминат Оскарите, оваа година ќе се одржи на 5 јануари во Лос Анџелес.

За најдобра ТВ серија или филм номинирани се „Квака 22“, „Чернобил“, “Fosse/ Verdon“, „The Loudest Voice“ и „Unbelivable“.

Актерки номинирани за најдобро остварување во телевизиска драмска серија се Џенифер Анистон(The Morning Show), Оливија Колман(The Crown), Џоди Комер(The Crown), Никол Кидман (Big Little Liew) и Рис Видерспун(The Morning Show).

Актери номинирани за најдобро остварување во телевизиска драмска серија се Брајан Кокс(Succession), Кит Харингтон(Game of Thrones), Рами Малек(Mr. Robot), Тобајс Мезис(The Crown) и Бил Портер(Pose).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ