Нови лица за старите јунаци.Тарзан,Робин Худ и Бен Хур во ново светло

На почетокот на следната година во Дубровник,Хрватска ќе се снима нова верзија на Робин Худ,уште еден во низата на неброените продукции за легендарниот англиски јунак.Извршен продуцент на филмот ќе биде Леонардо Ди Каприо,односно неговата продуцентска куќа Appian Way,во соработка со студиото Lionsgate.

Робин Худ ќе го глуми младиот талентиран англиски глумец Тарон Егертон,режијата ќе биде на Ото Батурст,додека сценариото ќе биде на Џоби Харолд.

За Робин Худ досега се снимени многубројни филмови ширум светот,а од најпознатите се издвојуваат Робин и Мариан со Шон Конери,Кралот на крадците со Ќевин Костнер,кој заработи дури 165 милиони долари и секако еден од последните, Робин Худ со Расел Кроул во главната улога.

Баш како и Робин Худ,омилен филмски јунак е по се изгледа и Тарзан,за кого е снимено повеќе од 100 филма.Популарниот крал на џунглата кој е измислен од писателот Едгард Рајс Бурогс,прв пат на  филмското платно се појави во 1918 во истоимениот филм, Тарзан во кој главна улога на Елмо Линколн.

Секако напознатиот Тарзан филм е на Џони Вајсмулер кој во периодот од 1932 до 1948 година дури 12 пати успеа да сними филм со овој јунак.Последен во низата на филмови е од оваа година,Легендата за Тарзан на режисерот Давид Јатеса, во главна улога на швеѓанецот Александер Скарсгард.

И додека во ичекување се нови серијали за познатите филмски хиттови од минатото,ремејкот за Бени Хур кој во светските кина треба да се појави уште следниот месец?(треба да се провери во септември),уште сега наидува на негативни коментари.

За Холивуд се сложуваат многу дека одамна им недостасуваат добри идеи па затоа се одлучуваат на “рециклирање” на познатите филмови кои доживеале успех во минатото.И тоа не е новост.Но, зошто баш Бени Хур?Тешко дека ќе го надмине оригиналот.

Како што знаат повеќето,се работи за филмот од 1959 година кој го одбележа жанрот на историски спектакл и стана една од најпознатите креации во историјата на седмата уметност.Снимен е за тогашни услови со 15 милиони долари,а успеа да заработи 10 пати повеќе,освојувајки и 11 Оскар награди,помеѓу другите и за најдобар филм,режисер(Вилијам Валер) и главен актер(Чарлтон Хестон).Во новата верзија како режисер се јавува русинот Тимур Бекмамбертов,свенариото е на Џон Ридли,а во главната улога игра Џек Хјустон.

Иако многумина веќе го опишуваат како промашување од библиски размери,каков ќе биде новиот Бени Хур ќе дознаеме наскоро.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e