Се чини дека летото веќе започна, судејќи по високите температури, како надвор, така и на социјалните мрежи, особено кога станува збор за Нивес Целзиус, која едвај чека да ги почести своите фанови со жешки објави.
Иако сакаше да ја покаже својата тетоважа, на фановите им беше тешко, а да не ги коментираат раскошните облини на една од најатрактивните Хрватки, која секогаш знае да ги истакне и да предизвика бура од коментари.
Таа позираше во кревет и откри дека моментално е во Германија, а со провокативен изглед и предизвикувачко боди во боја на кожа, во описот на фотографијата напиша:
„ Дали ја запознавте мојата нова тетоважа?“