„Нинџа желки“ му биле најлошото искуство на холивудскиот актер

Актерот Алан Ричсон изјавил дека улогата во „Нинџа желки“ под маската на Рафаело му ја уништила кариерата и е најлошо нешто што му се има случено.

Тој најпрво ја одбил улогата, бидејќи сметал дека нема смисла да троши години во глумење под маска. Продукцијата му навела повеќе примери за актери кои станале популарни токму благодарение на нивните маски.

Добил добра понуда, а со оглед на тоа што му требале парите, Ричсон ја прифатил улогата.

„Направија да го мразам својот живот, најлошите продуценти со кои некогаш сум работел. Сите ветувања ги прекршија. Не ни дозволија да даваме изјави, а медиумите не етикетираа нас како некомуникативни. Не сакам кон никого да се однесувам како тие кон нас“, изјавил актерот.

Од друга страна, Вил Арнер и Меган Фокс поминале многу подобро, бидејќи веќе биле афирмирани актери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e