Тоа дека годините се само бројка покажува совршената фигура и кожа на Наоми Кембел. Според многумина изгледа дека оваа убавица не старее, а судејќи по фотографиите на нејзините социјални мрежи никој не би помислил дека има 52 години.
Се зборуваше дека подлегнала на некои естетски корекции, но манекенката откри дека тајната е во редовното негување на лицето.
„Секогаш почнувам со крем за чистење и малку течен сапун. Исто така, користам витамин Ц и масло за лице од роза. Го мијам лицето и користам пилинг секој ден. Хидратацијата е најважна работа. Ми се допаѓа тоа што мојата кожа изгледа хидрирано. Постојано користам маски и креми. Кога сте под рефлектори, шминката влегува длабоко во порите. Кога не работам, се обидувам да не носам шминка. Сакам само чиста кожа“, раскажа таа во една прилика, па додаде како изгледа нејзината утринска рутина:
„Прво нешто што правам кога ќе се разбудам е пиење топла вода со лимон. Никогаш не пијам кафе: ми се допаѓа мирисот. Сакам чај. Најмногу ги сакам билните. После тоа станувам, се туширам, а потоа следува пијалокот – еден за имуниот систем и едно со алое“, откри таа, па објасни како не користи гелови за туширање кои содржат парфем, туку преферира бебешки сапуни.
Таа смета дека за здрава и убава кожа е важно да не користите многу шминка: