Неочекувано: Ова е најомилениот филм од 2019 на Тарантино

Режисерот кој оваа година го реализираше „Once Upon A Time In Hollywood“ откри кој од неговите „конкуренти“ всушност, најмногу му се допаѓа.

Во интервју за „Дедлајн“ тој открива дека навистина му се допаѓа хоророт кој излезе во јули, „Crawl“, со Каја Скоделарио во главната улога.

Во интервјуто, новинарот кој го водел кажал: „Верувале или не, Тарантино ми кажа дека неговиот омилен филм за годината е ‘Crawl‘… Да, филм со алигатори во ураган, реализиран неколку недели пред неговиот.“

Во врска со тоа каква е судбината на Рик Далтон, ликот од „Once Upon A Time In Hollywood“, Тарантино изјавил дека секој може да го толкува продолжението токму онака како што сака, но дека веројатно имал успешна кариера со помош на своите популарни соседи, Полански и Тејт.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e