Неда Украден вчера наполни 73 години и се покажа во бикини

Српската пејачка Неда Украден вчера го прослави 73. роденден, а по тој повод објави своја фотографија во розев костим за капење и бела кошула.

„Би можела да напишам сто реченици зошто е добро да се биде славеничка денес на оваа возраст! Но, нема потреба. Сè е јасно! Одам да славам. На здравје“, напиша пејачката.

Фотографијата е направена во Бока Которска во Црна Гора, а многу колеги и пријатели ѝ го честитаа роденденот во коментарите под објавата.

Во неодамнешното интервју за српски „Курир“, Украден проговори за нејзината музичка кариера, но и за приватниот живот.

Таа откри дека често ѝ се додворуваат помлади мажи, но дека не ѝ е потребен партнер бидејќи сака да работи и тоа ја прави среќна.

„Постојано ми се додворуваат. Па, сигурно нема да ми се додворуваат моите врсници, кои одат со штаки и едвај се качуваат по скали. Со исклучок на моите врсници кои се топ, а тоа се Брега и Чола“, изјави пејачката за „Курир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e