Наташа Беквалац запеа на концертот на Пријовиќ во Загреб

Сексапилната Наташа Беквалац беше втората гостинка на четвртиот концерт на Александра Пријовиќ во Арена Загреб.

– Ова е една од најискрените души што ги познавам, една од најдобрите жени на сцената. Таа е една од ретките луѓе што ги познавам, која секогаш ми посакуваше добро и секогаш се радуваше на моите успеси како и јас на нејзините. Многу те сакам и среќна сум што ја имам твојата поддршка – и порача Александра на Наташа.

На сцената заедно ја изведоа песната Никотин, а потоа Наташа испеа уште две песни – „Оргинал“и „Поново“.

Инаку, пред српската Барбика, Наташа на сцената со Александра пееше и Саша Матиќ.

На три претходни концерти во Загреб со мегапопуларната Прија настапија и Ацо Пејовиќ, Жељко Самарџиќ,Јелена Розга, Лексингтон, Дејан Костиќ,Теа Таировиќ….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e