Најубавата жена на светот сподели потресни фотографии – Овие работни не сте ги знаеле за нејзината болест

Најплатената манекенка во светот и една од најубавите жени на светот, Бела Хадид (26) проговори за здравствениот проблем кој го имала, поради кој долго време се лекувала.

Имено, таа имала Лајмска болест, која неодамна ја открила нејзината сестра Џиџи.„Благодарна сум на мајка ми што ми ги чуваше сите наоди, што беше постојано со мене, никогаш не ме остави, ме чуваше и ме поддржуваше, но најважно – што ми веруваше цело ова време“, напишала Бела на Инстаграм.

„Да се биде толку тажен и болен со толку многу благослови/привилегии/можности/љубов околу мене беше веројатно најзбунувачката работа досега. Животот во оваа состојба, која се влошуваше со текот на времето, и работејќи за да се направам горда себеси, моето семејство и луѓето околу мене, го зеде својот данок на многу начини што сè уште не можам да ги објаснам. Најпрво сакам да ви кажам дека сум добро и да не се грижите. Второ, не би менувала ништо, ако треба да го направам тоа одново за да дојдам до овој момент каде што сум сега, конечно здрава, повторно би го направила. Тоа ме направи личност што сум денес“, додала таа.

„Се обидов да ги изберам најпозитивните фотографии што можев да ги најдам, бидејќи колку и да беше болно ова искуство, исходот беше најпросветлното искуство во мојот живот, исполнето со нови пријатели, нови визии и нов мозок“, објаснила Хадид и им се заблагодарила на сите кои биле со неа на тој пат.

„Што се однесува до можното враќање на пистата? Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена“, заклучила Бела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e