Најголемо деколте на сцената, а оди и „да го среди“ задникот – Дара Бубамара вложила 45.000 евра

Дара Бамамара одлучи тајно да оди на реконструкција на градите и задникот, и тоа веднаш по враќањето од Рио де Жанеиро.

Популарната пејачка ги подигна своите и онака огромни гради и ги зголеми за еден број. Така, Дара сега гордо ја шета бројката осум, а сигурно може да се пофали со едно од најголемите деколтеа на сцената.

За оваа процедура на пластичниот хирург му платила 4.000 евра, а штом закрепнала од зафатот, новосаѓанката на својот Инстаграм ги покажа новите гради, носејќи црн топ со долги ракави, кој е отворен во деколтето, и од кој се чинеше како во секој момент дека ќе ѝ испаднат џиновските гради.
Како и да е, не е тајна дека Дара досега потрошила 45.000 евра на естетски интервенции и дека не жали ни цент, бидејќи не крие дека конечно е задоволна од својот изглед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e