На моите настапи доаѓаат само жени, па газдите негодуваат дека немаа промет, вели Беквалац

Настапот на Наташа Беквалац е секогаш полн со добра енергија, но за еден посебно се зборува. Имено, пејачката во еден целосно резервиран клуб признала дека сопствениците на клубовите не се воодушевени кога настапува таа.

Имено, на настапите на Наташа доаѓаат жени, кои не можат да испијат онолку колку и мажите.

„Сопствениците на дискотеки и клубови главно превртуваат со очи кога треба да гостувам, не им се допаѓа, велат дека само жени доаѓаат на моите настапи, чест на исклучоците, а за жените велат дека не трошат. Нема голем пазар кога ќе дојдам, а на моите драги жени би им рекла да работат, да бидат вредни, да си ги платат своите пијачки и сметки, па моите настапи секогаш да бидат полни со жени, кои имаат свои пари, бидејќи јас секогаш ќе пејам песни само за жени“, порачала Наташа, по што добила огромен аплауз.

„Тешко е да се биде самохран родител“
„Јас сум сам во родителство. Таа улога ми е најважна, како и на секоја нормална жена. Тоа е енергија која доста ве обзема. Максимално сум посветена на работата која ја работам 20 години на највисоко ниво. Тоа се двете работи кои ме исполнуваат и ме обземаат. Мажот мора да биде магичен за да го вклопам во мојот распоред“, неодамна изјавила Наташа.

„Сè што е големо е тешко. Сметам дека мојата улога е одлична. Секоја мајка знае колку е тешко да се биде самохран родител во овие луди времиња. Уште потешко е да се има тинејџерка и мало девојче во куќата. Ги родив, ги воспитувам и секако се гледам себеси во нив во секој момент, но ги гледам и нивните татковци“, додала пејачката во таа прилика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e