Актерката Шенон Доерти почина минатата сабота на 53-годишна возраст по долга и тешка болест.
Сега многумина се прашуваат кај кого ќе оди нејзиното богатство и колку е тоа всушност. Актерката изминатава година покрај тешката дијагноза се бореше и со развод од сопругот Курт Исвариенко.
Шенон за време на постапката за развод поднела изјава за приходите и трошоците, а во документот открила дека месечно заработувала во просек по 21.000 долари. Таа, исто така, истакна дека оваа бројка драстично ќе се намали кога „Charmed“ ќе излезе од етер овој месец.
Таа изјавила и дека има 251 илјада долари во банка и уште 1 милион и 880 илјади долари акции или обврзници, како и пари од судски спор со осигурителна компанија поради штетата нанесена во нејзиниот дом во Калифорнија. Таа изјавила и дека поседува недвижен имот од 3 милиони долари, а нејзиниот дом во Малибу вреди 6 милиони долари. Сепак, таа истакна дека должи 3 милиони долари на својата хипотека и има дополнителни 134.000 долари во пензија, пишува „Yahoo Finance“.