Музичарите во „војна“ со Доналд Трамп

Членовите на бендот „Квин“ го принудија Доналд Трамп да го тргне видетото кој го објави на Твитер, а во кое се слуша „We Will Rock You“ , нивниот хит од 1977 година. Трамп минатата недела го твитна видеото во кое тој држи говор додека во позадина се слуша музиката. Пред да го симне, тоа достигна 1,7 милиони прегледи.
Кога се појави видеото со реакција се јави претставник на „Квин“ кој соопшти дека песната не е авторизирана за таква употреба и додаде дека бендот веќе покренал постапка за забрана за користење на нивните песни во кампањата на Трамп.
Претходно, во 2016 година, кога Трамп се кандидираше за претседател, момците од групата исто реагираа бидејќи во текот на Републиканската конвенција беше користена нивната песна „We Are The Champions“. Тие реагираа преку нивниот застапник со допис во кој меѓу другото се наведе дека не сакаат нивната музика„ да се користи со било каква политичка дебата или цел во било која држава“, а особено не сакаат таа песна да се користи како поддршка на Трамп и политичките погледи на Републиканската партија.
Минатата недела и претставникот за заштита на делата од Принс реагираше откако „Purple Rain“ беше пуштена пред настапот на Трамп во Минесота, што е втор пат, откако реагираа за истата песна користена во кампањата во 2016 година.
Освен нив против Трамп со забрана за користење нивна музика реагираа и од Р.Е.М, Нил Јанг и Аеросмит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e