Бред Пит и Џенифер Анистон биле видени заедно во приватен апартман во хотелот Гансевурт во Њујорк, пишува „Radar Online”.
Славните холивудски актери и поранешни сопружници биле снимени од страна на надзорните камери во хотелот само неколку недели пред да експлодира веста за разводот помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли.
Изворите тврдат дека разговарале за својата некогашна врска.
„Џенифер разговарала со Бред. Му признала дека би сакала да се смират. Таа всушност чекаше тој да прекине со Анџелин и сè да биде како порано“, тврди изворот и додава дека Пит ѝ се извинил на Џенифер затоа што ја оставил поради наскоро поранешната сопруга Анџелина.
Бред и Анистон се запознале во далечната 1998 година, а се венчаа две години подоцна. Тие беа еден од омилените холивудски парови. Во 2005 година објавија дека се разведуваат. Бред во тоа време го снимаше филмот „Господин и госпоѓа Смит“ со Џоли.
„Беше среќна кога дозна дека се разведуваат. Во Џенифер секогаш постоеше некоја искра надеж дека повторно ќе бидат заедно“, рекол изворот.
Инаку, Анистон моментално е во брак со Џастин Теру. Тој неодамна коментираше дека на светот се случуваат многу поважни работи од разводот на две холивудски ѕвезди.
За поврзани вести продолжете надолу