Мишел Фајфер покажа како треба да изгледа жена во шестата деценија, без шминка и филтери

Актерката Мишел Фајфер по повод Денот на благодарноста на Интаграм објави фотографија без тронка шминка и така на своите обожаватели им го покажа својот младалачки изглед на 61 година.

„Возбудена сум што ќе го видам своето семесјтво за Денот на благодарноста, но ќе ми недостига мојата екипа од Монтреал“, напишала Фајфер на инстаграм.

Дека актерката изгледа прекрасно без тони шминка, потврдија и повеќе од 2.000 коментари со воодушевување.

„Поради тебе му се радувам на стареењето“, „Те обожувам, изгледаш прекрасно“, „Преубава си и ваква природна“, ѝ пишувале фановите.

Ова не е прва нејзина ваква објава. Таа и порано на своите обожаватели им го покажувала својот природен изглед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e