Милица Павловиќ се пофали дека пеела на свадба на синот на Сашо Мијалков

Покрај Цеца Ражнатовиќ, и популарната српска пејачка Милица Павловиќ била гостинка и забавувач на свадбата на синот на Сашо Мијалков кој завчера вечерта го ожени синот Јордан.

На свадбата настапил и познатиот руски рапер Тимати.
Милица објави снимки од гламурозната свадба која се случи во луксузен хотел во центарот на Скопје.

militsa-pavlovik

„Младенците, кои инаку живеат во Монако, сакале свадбата да ја направат токму тука, од каде што им се семејните корени, а една од желбите им била овој посебен ден да им го разубави и Милица, што пејачката со задоволство им ја исполнила“, пишува „Србија Данас“.

На бината се менувале бројни музички ѕвезди од цел свет, а кога дошло време за тортата, како гостинка се појавила Милица Павловиќ која спектаклот го започнала со песната „Проверено“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e