Миа Калифа со јавна поддршка за терористите (ФОТО)

Поранешната порно-ѕвезда Миа Калифа предизвика бурна реакција на интернет, откако гласно го поддржа терористичкиот напад на Хамас во кој загинаа стотици Израелци за време на викендот, пишува „Дејли мејл“.

Оваа 30-годишна јавна личност постојано го поддржуваше терористичкиот напад на групата, споделувајќи објави на нејзиниот профил на „Икс“ (Твитер), каде ги повикуваше терористите на Хамас да снимаат хоризонтално за да може подобро да го набљудува масакрот.

Како што првпат се појавија извештаите за нападот, Американката со либанско потекло објави: „Може ли некој да им каже на борците за слобода во Палестина да ги свртат телефоните и да снимаат хоризонтално“.

Потоа таа продолжи со нови објави да ја покажува својата поддршка за палестинските терористи, кои во саботата го започнаа својот најлош напад во последните 50 години со невидени копнени, морски и воздушни напади. Милитантите на Хамас заземаа населби и заробија и убиваа цивили кои го славеа еврејскиот празник.
„Би рекла дека поддршката за Палестина ми донесе губење на бизнис можности, но повеќе сум лута на себе што не проверувам дали влегувам во бизнис со ционистите или не. Моја вина“, објави Миа.

Инаку, Миа Калифа е родена во Бејрут, а како дете се преселила во САД во 2001 година за време на конфликтот во Јужен Либан со Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e