Македонската бодибилдерка Мери Акиевска стана мајка и ја сподели радосната вест со своите следбеници и пријатели.
Среќните моменти од доаѓањето на бебето на свет предизвикаа бројни честитки и убави желби од семејството, пријателите и обожавателите. Со остварувањето во улогата на мајка, за Акиевска започнува ново и посебно животно поглавје исполнето со љубов, грижа и радост.
Парот за својата ќеркичка го избра нежното и необично име Срна.
На социјалните мрежи таа доби голем број пораки со честитки и поддршка, а јавноста ѝ посака многу здравје, среќа и незаборавни моменти со новороденчето.
Честитки за приновата и многу убави мигови во семејниот живот!
