Малума ќе стане татко – веста ја откри на концерт

Латино ѕвездата Малума (29) и неговата партнерка Сузана Гомез (29) го очекуваат нивното прво дете. Пејачот денеска го промовираше видеозаписот за песната „Procura“, кој е своевидна компилација од повеќе моменти од секојдневието на двојката.

Сепак, најголемо изненадување за обожавателите на Малума беа кадрите на кои тој и неговата избраничка се во лекарска ординација и ја гледаат ехо-снимката од нивното бебе.

Кон крајот на видеозаписот, може да го видиме и трудничкото стомаче на Гомез. Според инсертите, пејачот и неговата избраничка очекуваат ќерка.

Името на бебето сѐ уште не е објавено, но обожавателите на Малума забележаа дека тој и Гомез носат персонализирани ланчиња на кои пишува „Парис“, што можеби сугерира дека тоа ќе биде името на девојчето.

Како потсетување, Малума и Сузана Гомез ја започнаа љубовната врска во 2020 година, откако тој раскина со диџејката и модел Наталија Барулич (31) во октомври 2019 година.

Според колумбиските медиуми, тие биле пријатели пред да влезат во врска, односно ја започнале романсата откако Гомез се развела од претходниот партнер.

Инаку, Сузана Гомез е колумбиска архитектка, дизајнерка на ентериер и сопственичка на бренд за накит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e