Мајк Тајсон ја затекол сопругата со Бред Пит: Ме молеше да не го претепам

Мајк Тајсон тврди дека ја нашол својата поранешна сопруга во кревет со Бред Пит. Тајсон беше во брак со Робин Гивенс од 1988 до 1989 година, а во периодот на развод наводно ја нашол со Бред Пит, наведува тој во своите мемоари.

На денот кога ги потпишувал документите за развод, се предомислил и отишол кај неа да разговараат, но прво ги видел во автомобилот, а потоа во нејзината спална соба.

„Друже, не ме удирај, не ме удирај“, наводно рекол Бред.

Според Тајсон, Пит тогаш изгледал како да ги живее последните моменти.

„Тогаш требаше да го видите изгледот на неговото лице, изгледаше како да е последниот ден од неговиот живот“, изјави Тајсон.

Во шоуто In Depth откри дека му бил многу лут на Пит, и дека за време на разводот постојано одел да се гледа со Робин, но тој ден актерот пристигнал порано.

Робин демантираше сè освен дека заедно биле во автомобил, додека Бред Пит никогаш не ги коментирал овие тврдења.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e