Маја Беровиќ го сподели рецептот за успешен брак

Браковите кои траат со години, па и со децении, деновиве пукаат како балони. Маја Беровиќ откри преку што никогаш не би поминала во бракот.

Пејачката е синоним за стабилен брак, а за истиот ги открила и советите кои го сочувале, но и прокоментирала што би им порачала на колегите кои моментално се во процес на развод.

Не постои рецепт за успешен брак, едноставно, мора да има разбирање, љубов пред сѐ, и компромис. Тоа се три работи кои ги сметам за многу важни. А советите за развод – и не сум погодна за советување, и не дај Боже да скршнам од сегашната патека, истакна музичката ѕвезда.

Потоа откри што никогаш не би му простила на Ален:

Го сакам, пред сѐ, како маж, не можам да кажам дека простувам, но му прогледувам низ прсти. Никогаш не можев да простам прељуба, тоа е нешто што не може да се прости.

Маја смета дека тие што еднаш раскинале, не треба да се смируваат.

Ако нешто е скршено, не треба повторно да се составува, бидејќи не може да биде исто како пред тоа, колку добро и да го составите“, таа рече.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e