Мадона со шокирачка изјава: Разговарав со Бог додека бев во кома!

Американската поп пејачка Мадона откри дека првиот збор што го кажала откако се разбудила од индуцирана кома во која се најде поради бактериска инфекција со која се соочи минатата година бил зборот „не“.

„Прилично сум сигурна сум дека Бог ме праша дали сакам да одам со него, а јас реков „не, не“, рече пејачката.

Својата борба со болеста, која ја остави во кома четири дена, ја опиша како „страшна“ и додаде дека немала сила ниту да оди.

Мадона му се заблагодари на својот лекар Дејвид Агус, кој, како што тврди, секој ден го прашувала кога повторно ќе се чувствува нормално. Според зборовите на Мадона, советот на лекарот бил да излезе на сонце и дека со помош на витаминот Д нејзините бубрези ќе продолжат повторно нормално да работат.

„Беше чудно да се чувствуваш како да немаш контрола. Мојата лекција беше да научам да ги пуштам работите да си се одвиваат на свој начин“, додава Мадона.

Таа ги пофали и своите шест деца, кои ѝ пружиле поддршка во текот на опоравувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e