Линда Евангелиста: Знам дека сум со една нога во гроб

Познатата манекенка Линда Евангелиста откри дека пред пет години и бил дијагностициран рак на дојка и дека имала двојна мастектомија.

Како што објаснила, нејзиниот рак бил откриен при редовен преглед во 2018 година, но таа сега зборува за се што поминала.

-Резултатите не беа добри, а поради други здравствени фактори, без двоумење бидејќи сакав се да оставам зад себе и да не се занимавам со тоа, решив да направам мастектомија. Мислев дека сум добро и подготвена за живот. Ракот на дојката нема да ме убие, изјави таа за WSJ Magazine.

Меѓутоа, минатата година повторно почувствувала грутка во градите и, за жал, се покажало дека сега има рак на пекторалниот мускул.

-Му реков на мојот лекар: „Ископај дупка во моите гради. Не сакам да изгледа убаво. Сакам да го ископаш. Сакам да ја видам дупката во градите кога ќе завршиш. Дали ме разбираш? Нема да умрам за ова, изјави манекенката.

Подоцна лекарите и кажале дека прогнозите за закрепнување се добри, но таа ги прашала зошто не се одлични. Тогаш и рекле дека ракот, штом еднаш ќе се врати, секогаш може да се врати.

-Знам дека сум со една нога во гробот, но тотално сум во славенички расположена, изјави Евангелиста за WSJ, додавајќи дека само мал број луѓе знаеле за нејзината борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e