Лепа Брена во младоста работела како бебиситерка

Пејачката Лепа Брена пред големата музичка кариера, за да стекне нормални услови за живот, работела како дадилка.

Со тоа успеала да обезбеди студии во Белград и мал стан кај Ташмајден.

Нејзиното семејство било петочлено. Таткото со плата како медицински техничар и мајка со повремена заработка како кројачка. Таа со својата работа му олеснила на семејството и им пружила дополнителна парична помош.

Со доаѓањето во Белград на студии во 1979 година, успеала да најде работа која и овозможувала подобри услови за живот.

Брена по пат на оглас се јавила на еден млад брачен пар, Цвета и Томислав, на која им била потребна дадилка за нивната ќерка Ана. Таа тогаш имала само неколку месеци.
Младиот пар во замена за чување на Ана, на Брена и плаќале мал стан на Ташмајден.

Инаку таа Ана е всушност Ана Штајдохар, пејачката и поранешната членка на групата „Тап 011“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e