Во гостување на една емисија Лепа Брена ја отворила душата и искрено зборувала за работи поврзани со нејзината 40 годишна кариера.
– Искрено, шминката, седењето на стол додека ме дотеруваат и ми ја средуваат косата. Исто и со фотографирањето. Тоа е единственото нешто што не ми се допаѓа во оваа работа, не сакам да позирам, брзо ми здосадува. Работам 42 години, уморна сум од тоа. Таа енергија што ја оставаме на видеото или фотографијата, тој момент е важен. Се трудам да направам да бидо одлично за мојата публика. Јас понекогаш имам проблем со фотографите, избирам да работам со најдобрите и ги гледам како ме фотошопираат, за да се види дека имам 60 години, и дека сум малку дотерана. Не можеме да избегаме од нашите години – изјавила Лепа Брена.
Брена во едно интервју во неколку наврати изјави дека и е благодарна на мајка си за нејзиното воспитување и водење на вистинскиот пат уште од мали нозе. Таа открива и зошто и како нејзиниот брат и сестра ги добиле имињата по буквата „Ф“, пишува Пулс онлајн.
– Бев трето дете во семејството. Мајка ми ни даваше имиња кои не можеа да се користат во деминутивна форма, за да не ни ги скратуваат, открила пејачката.