Лепа Брена: кај нас дома Боба е гурман и сака да готви

Лепа Брена е позната по својот пејачки талент, но кога ќе дојде време за домаќински работи, признава дека не сака да губи време.
– Мајка ми ме научи да готвам, тоа беше нешто задолжително. Морав сè да знам, но сè што можам да платам не сакам да го работам. Сакам убаво поставена маса, па некој да ми зготви и донесе јадење. Сè додека сум жива, ќе можам тоа да си го дозволам. Подобро ми е да работам некоја добра готвачка, отколку да губам време за нешто што ќе се изеде за половина час. Не треба да бидам најдобра и сè да работам совршено – изјави пејачката.
Имено нејзините домаќински обврски ги завршува послуга, а неодамна ја посоветувала и снаата Александра да му се посвети на детето, а со готвење да не се занимава. Во нивната куќа сопругот Боба Живоинивиќ е поголем гурман од сопругата.
Брена и Боба во брак се речиси три децении и многу детали од нивната врска ѝ се познати на јавноста. Нив ги запознал Рака Мариќ, менаџерот на Брена, а нивната средба била судбинска.
– Се сеќавам дека давав интервју за „Илустрирана политика“ и Рака ме заклучи во канцеларија со новинарката за да можеме на мир да разговараме. Тогаш во еден миг тој влезе во канцеларијата заедно со Боба и нè запозна – откри еднаш Брена.
– Се договоривме да се најдеме во Нови Сад. Јас тргнав на договореното место, стојам на семафор и го гледам него од другата страна како ме чека со раширени раце. Се замислувам како трчам во прегратка, скокам, тој ме крева и се вртиме како на филм, ама успорено. И јас навистина се залетав накај него, ама во тој  миг паднавме и Боба го повреди колкот – раскажа пејачката, а Боба пак откри дека не очекувал таа да е толку тешка, што можеби за друга жена би било навреда, но Брена на ова само се насмевнала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e