Карлеуша проговори за разводот со Душко: Не плачам за себе, не сум жртва!

Јелена Карлеуша во последно време не зборува многу во медиумите за приватниот живот и за односите со сопругот Душко Тошиќ.

Иако се пишуваше дека Душко е вљубен во нејзина колешка, Карлеуша го демантира тоа, а сега гостувајќи во една ТВ-емисија откри дали има партнер и дали се’ уште живее заедно со Душко.

Па, разговарате со жена која е во брак 16, 17 години, рече Јелена, на што водителката додаде: „Точно, но имаше и турбуленции…“.
Да, луѓето генерално мислат дека јас и Душко се разведовме, но не е така, тоа не се случи! Се’ уште сме во брак и живееме заедно, меѓу четири ѕида, откри Јелена во емисијата „Мали работи“.

Во текот на разговорот, водителката ја праша и за тоа дали некогаш ѝ доаѓа да плаче, на што Карлеуша потврди дека често се наоѓа во такви ситуации.

Многу ретко плачам, а кога тоа ќе ми се случи е за работи кои не се поврзани со мене. Плачам за безмилосно убивање на животните, неправдата кон другите… Никогаш не плачам за себе, не дозволувам да бидам жртва, рече Карлеуша.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e