Кристина Арнаудова денеска слави роденден!

Кристина Арнаудова е родена на денешен ден во 1979 година во Неготино. Таа е наша позната пејачка, музичарка, изведувачка, продуцент, композитор, текстописец, хуманитарец и филантроп.

Првиот контакт со микрофонот го има на четири годишна возраст во градинка кога настапувала на претстави. Пресудна улога во нејзината љубов кон музиката има нејзиниот вујко (тапанар) и пробите кои тој ги има со својот бенд под покривот на нивниот дом. Со изразен талент за пишување песни, од мала почнала да пишува песнички. Средно образование завршува во родното Неготино.

Во 1996 година, со 16 години сама се пријавува на фестивалот „Тин Фест“. Резултатот е прво место помеѓу 150 кандидати од цела Македонија. Ја снима својата прва песна која нема поголема медиумска популарност. На 16 години, основа бенд кој има локални настапи и свири поп-рок, звук по кој станува препознатлива. Во 1997 година станува дел од рок-бендот „Сага“ со кого снимаат само една песна и тоа претставува нејзин најголем успех дотогаш. Во 1998 година, на покана на Давор Јордановски, станува член на Биг Бенг, група со која останува до 2000 година. Со Биг Бен снимаат неколку песни кои добро поминуваат кај публиката. Истата година завршува средно образование, и се запишува на правниот факултет, отсек новинарство и се преселува во Скопје, каде живее до денес.

Во 2000 година започнува соло кариера со песната Сонце, дело на Александар Ристевски-Принц. Во 2003 година го издава албумот „Возови“ на кој се наоѓаат 14 песни, од најпознатите македонски автори, а 8 од нив добиваат третман на хитови, завршувајќи на првите места на сите макеоднски топ листи, меѓу кои „Подај ми рака“, „Судено ти е“, „Дали мислиш на нас“, „Возови“, „Твоја до крај“.

Во 2008 година го издава албумот „2007“, на кој се наоѓаат 12 песни, од најдобрите македонски автори, а таа овде се јавува за прв пат и како комплетен извршен и музички продуцент на истиот. На овој албум се наоѓаат песни како „Немам срце за друг“ „Голи во срцата“ „Прв и последен“ „Зошто“, кои завршија на првите места на македонските топ листи, а песната „Не ме оставај“ остана запаметена по тоа што се задржа 7 недели на првото место на најпознатиот интернационален музички канал МТВ, на списокот на изведувачи од целиот Балкан, а на интернационалната музичка листа стигна до 3то место, заедно со сите светски изведувачи.

Во 2015 година, Кристина го основаше здружението „Проект Среќа“, здружение кое се занимава со подобрување на квалитетот на живеење на децата во социјален ризик, и децата со помалку можности.

Кристина Арнаудова е мажена со сопругот Александар и со него ги има синовите Максим и Матео.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e