Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит јавно се откажа од презимето на татко ѝ

Ќерката на најпознатата поранешна актерска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит, Захара Џоли-Пит, деновиве има причина за славење.

Имено, оваа 18-годишна студентка на Универзитетот Спелман во Атланта се приклучи на првото црно сестринство во историјата на Алфа Капа Алфа.

На социјалните мрежи сега се шират видеа од иницијацијата, а многу фанови беа изненадени од јавниот настап на Захара. Имено, таа за време на прославата застанала пред поголема група луѓе и гласно рекла: „Се викам Захара Марли Џоли“, со што открила дека се откажала од презимето на нејзиниот татко.

Многумина не биле изненадени од одлуката на Захара, особено откако Пит изненади на почетокот на оваа година со својата реакција на прашањето на новинарот на People, кој се интересирал колку е горд на својата ќерка во врска со нејзиниот прием на факултет. “Да, прекрасно е. Навистина прекрасно”, кратко прокоментирал тој.

Видеото одекнало на социјалните мрежи, а речиси сите заклучија дека Пит веројатно не бил ни свесен за овој факт. „Тие деца не зборуваат со него“, „Тој сигурно не го знаеше ова“, „Тој штотуку дозна“, се само дел од коментарите кои обожавателите ги напишаа на социјалните мрежи.

Многумина веруваат дека Захара го прекинала контактот со својот татко поради браќата Медокс и Пакс, со кои Пит со години немал никаков контакт. Наводно, Џоли поднела барање за развод поради пресметката на актерот со Медокс во приватен авион, кој потоа сакал да ја брани мајка си.

Поранешните сопружници се уште не успеале да се договорат за старателството на нивните шест деца. И покрај тоа што тројцата најстари, Медокс, Пакс и Захара, веќе не се малолетни, тие се расправаат кој ќе ги одгледа Вивиен и Нокс (14).

За потсетување, Анџелина Џоли поднесе противтужба против Бред Пит во која упати сериозни обвинувања против нејзиниот поранешен сопруг. Таа детално го опишала она што го нарекла злоупотреба во приватен авион во 2016 година.

„Кога едно од децата вербално ја бранеше Џоли, Пит му се нафрли на сопственото дете, а Џоли го фати одзади за да го спречи.“, се вели во документите доставени до судот.

Портпаролот на Пит изјави за Си-Ен-Ен дека наводите се „целосно лажни и дека Анџелина користи лаги за да ги сврти децата и јавноста против нивниот татко“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e